Изгледа дека Месут Озил е блиску до заминување.
Имено, според информациите од Турција, Фенербахче бара спонзори кои би ја покриле огромната плата на поранешниот германски репрезентативец, а Арсенал би им платиле позајмица, бидејќи Турците немаат план да го откупат Озил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турски новинари тврдат дека конструкцијата е речиси завршена и дека ќе најдат пари за огромно засилување. Во овој момент, шансите најскапиот играч на Арсенал да се пресели во татковината на дедото се големи, тој нема други понуди, бидејќи плата од 20 милиони годишно е нешто што никој нема да го плати.
Арсенал би се ослободил од кошмарот, Озил не игра, а чини многу и го блокира трансфер периодот, до крајот на договорот би морале да исплатат околу 50 милиони евра. Поради тоа гледаат кон Истанбул, Фенер имаше очајна сезона, стигнаа до шестото место, веќе ангажираа еден Германец, пристигна напаѓачот Макс Крузе од Вердер, како слободен играч.