Криштоф Пјонтек е вистинско освежување оваа сезона, а после одличниот прв дел од сезоната полскиот напаѓач направи трансфер во редовите на Милан.
Пјонтек е 23 годишен полски напаѓач кој минатото лето стигна во Серија А, а до денес стигна и да направи еден голем трансфер и целосно да го сврти вниманието на себе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Патот на Пјонтек беше навистина интересен. Израсна во клубот во неговиот роден град, а во 2013 година направи трансфер во Заглебие Лубин кој изнесуваше 12.000 евра.
Три ипол години Пјонтек помина во Заглебие од каде што пред крајот на летниот преоден рок во 2016 прави трансфер во Краковија вреден 700.000 евра и тука започнува неговиот пат во нагорна линија. Во првата сезона постигна 12 голови на 32 натпревари, а потоа во сезоната 2017/2018 на 36 натпревари постигна 21 погодок.
Тоа беше одлична препорка европските клубови да тргнат по неговиот потпис, на крајот го доведе Џенова за сума од 4.5 милиони евра. За само половина година го продадоа на Милан за 36 милиони евра и тоа доволно зборува каков потег направија.
Сега за полскиот голгетер зборуваше директорот на Џенова, Џорџо Перинети. Перинети верува дека полската гол машина сега вреди двојно повеќе од споменатите 36 милиони евра.
„Пјонтек влегува во една поинаква димензија на трансфер пазарот. Џенова рисикуваше и прифативме 35 милиони евра. Клуб како што сме ние мораше тоа да го направи. Денес вредноста на Пјонтек изнесува 70-80 милиони евра“, порача Перинети.
https://www.youtube.com/watch?v=YrB67VT64dk