Дома Фудбал Италија Од Јувентус објаснија зошто со Алегри е многу полесно да се соработува отколку со Конте

Од Јувентус објаснија зошто со Алегри е многу полесно да се соработува отколку со Конте

Сегашниот прв оперативец на Јувентус после заминувањето на Џузепе Марота, Фабио Партичи зборуваше за Масимилијано Алегри и Антонио Конте.

Партичи заедно со Марота кој замина во Интер е важен дел од создавањето на моќниот тим на Јувентус кој доминира во Серија А и е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Овој човек имаше прилика да соработува и со Конте и со Алегри, а сега откри со кој од нив е полесно да се соработува.

„И двајцата се навистина слични, но мене ми е многу полесно со Алегри“, започна Партичи.

И Алегри и Конте имаа големи успеси на клупата на „старата дама“, а Алегри го наследи Конте во 2014 година кога Конте стана селектор на Италија.

„Мислам дека најтешки преговори за мене беа околу доведувањето со Карлос Тевез. Тој е играч кого го контактиравме на крајот на сезоната 2010/2011 и на крајот успеавме да доведеме голем шампион иако не игравме во Лигата на шампионите“.

„Конте или Алегри? Алегри е многу по флексибилен кога се трансферите во прашање. Конте има свој стил и морате да ги пронајде играчите кои одговараат на неговиот стил. Од друга страна Алегри, знае да менува и нема само еден систем, тоа е неверојатно. Таквиот негов начин на работа ни овозможува да имаме поголем спектар на играчи кои би можеле да ги доведеме“, изјави Партичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома ги става сите карти на Фабрегас!

Поранешниот шпански фудбалер Сеск Фабрегас е водечки кандидат за тренер на Рома која по за…