Управата на клубот од Лондон го гледа како одлично засилување во средниот ред.
После официјализирањето на трансферо на Френки Де Јонг изгледа во Барселона нема простор за играчот за кој толку многу се поврзуваше со шпанскиот гигант изминатите недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во прашање е „бунтовникот“ од Париз, Адриен Рабио.
23 годишниот играч на ПСЖ е во немилост на Томас Тухел и јасно е дека нема иднина во Париз.
Договорот му истекува за шест месеци, па поради тоа е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Барселона беше еден од фаворитите за неговиот потпис, но после трансферот на Де Јонг изгледа може да избере нова средина.
Најновиот заинтересиран купувач за Рабио е Тотенхем. „Петлите“ го продадоа Муса Дембеле и во Французинот гледаат природна замена.
Дел од англиските пренесуваа и дека Покетино во наскоро ќе разговара со играчот и ќе се обиде да го убеди да го избере Лондон.