Манчестер Сити успеа да ја победи конкуренцијата и го обезбеди потписот на Ерлинг Халанд.
За Норвежанецот беа заинтересирани голем број европски клубови, а на крајот после Дортмунд се реши да оди во Манчестер. Се извршниот директор на „граѓаните“ истакна дека Халанд не ги избрал нив поради парите, туку поради проектот кој му бил претставен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Халанд не избра нас пред сите други, бројките од трансферот ги знаете. Тие не се астрономски и истата плата можеа да му ја обезбедат и другите големи клубови“, изјави Феран Соријано.
За Халанд Манчестер Сити издвои сума од 60 милиони евра поради клазулата во неговиот договор.
„Клучната работа поради која не избра нас е проектот кој му го претставиве. Парите кои ние му ги дадовме можеа да му ги дадат и Манчестер Јунајтед, Баерн и Реал Мадрид. Имаше можност да бира, не избра нас и среќни сме поради тоа“, заврши Соријано.