Навивачите на Барселона на почетокот на летото се надеваа дека Самуел Умтити, Мартин Брајтвајт, Клемен Ленгле и Миралем Пјаниќ ќе го напуштат клубот. Но од нив изгледа може да си замине само Пјаниќ.
Умтити наводно ветил дека ќе ги намали примањата за потпише нов договор, примањата на Брајтвајт не се проблем, на него Барса сакаше да заработи околу 15 милиони евра откако одигра солидно ЕП. Ленгле е цврсто решен да остане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пјаниќ е единствениот кој не се противи да замине затоа што не сака повеќе да седи на клупа. Проблемот е што не може во Јувентус или Фиорентина, во Торино пристигна Локатели, а во Фиренца Тореира. Сега според шпекулациите во игра се Рома и Наполи.
Исто така Роналд Куман им порачал на Рики Пуиг и Алекс Коладо дека нема да имаат минутажа во новата сезона, но и тие сакаат да останат и да се борат за своето место.