Освојувачот на Купот во Македонија, тимот на Пелистер за противник во првото коло од квалифкациите за Лига Европа го доби незгодниот полски тим Лех Познањ.
Предводник на тимот е Ненад Бјелица од Хрватска, кој порача дека иако се фаворити, нема да го потценат составот од Битола, особено ако се знае дека има тројца Бразилци и двајца Бугари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Веќе разговарав со некои мои пријатели од Македонија и очекувам да добијам повеќе информации за тимот на Пелистер. Ќе ги анализираме па дури потоа ќе знаеме како да пристапиме на овој двомеч. Самиот факт што имаат тројца Бразилци и двајца Бугари, укажува дека не се лесен противник“, изјави Бјелица.
Дополнителен проблем за тимот е фактот што ќе одиграат само еден натпревар, овој петок против Хапоел Бир Шева, пред дуелите со македонскиот тим.
-Немаме многу време за подготовки, ќе одиграме само еден натпревар против изреалски тим. Но, не смееме да се жалиме. Работиме напорно, да бидеме подготвени за двомечот со Пелистер. Нема да ги коментирам можните противници за второто коло, најпрво мора да одработиме добро во двомечот со Пелистер“, заврши Бјелица.