„Росонерите“ изминатото лето сметаа дека го пронајдоа патот до европскиот врв, но тоа не се случи.
Токму големиот број нови фудбалери веројатно е причината за лошите резултати на Милан во домашното првенство, смета директорот на клубот Марко Фасоне.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Милан изминатото лето потроши точно 194 милиони евра на 11 нови фудбалери, а помеѓу нив се Леонардо Бонучи, Никола Калиниќ, Андре Силва и Хакан Чалханоглу.
„Постојат некои работи кои од оваа гледна точка сега не би ги направиле и јасно е дека погрешивме, не мислам на фудбалерите. Да, некои од нив играат под своите квалитети, но невозможно е Бонучи и Биља да не се вратат на нивото од минатата сезона“.
„Дали доведовме премногу фудбалери? Можеби, да. Направивме многу процеки, а на крајот спортскиот директор Мирабели и Монтела ми кажаа дека сакаат да направат големи промени. Ни беше јасно дека тешко можеме да создадеме силен тим во првите неколку месеци“, изјави Фасоне.