Дома Македонски спорт Мак ракомет „Од извини не се живее“ – работа и успех треба!

„Од извини не се живее“ – работа и успех треба!

Завршија надежите на Македонија за висок пласман на последното Светско првенство (остана Президент Купот) каде што барем според изјавите од нашиот табор пред почетокот отидовме со големи очекувања. Сега гледаме изјави од селекторот дека и не сме очекувале победа туку лично тој се надевал на успех, но сметал дека реалноста е тесни порази…

Се извини Кире на македонската „Фаланга“, доблесно е секако, но како велат „од извини не се живее“ – работа и успех треба!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Направи Лазаров многу и премногу како играч за Македонија во ракометот, селекторскиот  почеток му беше како од соништата со победата на Данска во Скопје. Но, сега од оваа гледна точка можеме да видиме дека во селекторската позиција малку како да се загуби.

Промени секако има многу, меѓутоа селекторот е тој што ги избира играчите, а овој пат тие што беа избрани не покажаа скоро ништо, никој не блесна, не видовме најава од некого за нов лидер…

Критиките на негова сметка ги имаше уште по објавувањето на списокот, јавноста му замеруваше за големиот број ракометари од неговиот Алкалоид, меѓутоа се чекаше да се види настапот на СП и видовме.

Довербата ракометарите никако не ја оправдаа, а дали ќе беше поинаку со Карапалевски, Танковски, Мишевски…Или некои четврти-пети можеме само да претпоставуваме никој не може да гарантира.

Посочи Кире по првенството дека голманите не биле на ниво, но како да бидат голманите на ниво кога беа оставени на „милост и немилост“, одбраната дефинтивно потфрли, можеби и најмногу. Слабо игравме во таа последна линија и на подготвителните натпревари со Хрватска и Израел, нашиот стручен штаб не успеа да пронајде решние.

Кире го (по)троши големиот кредит како играч, од Македонија се бараат резултати, јавноста очигледно не е задоволна само со настап на големо натпреварување.

ОСТАВКА?

Прерано е да се носат такви радикални потези. Настапот на ЕП 2024 е скоро обезбеден и треба Лазаров да добие време да го поправи она што сега не „штимаше“. Меѓутоа ако се случи нов  ваков КАТАСТРОФАЛЕН настап на Македонија и на тој турнир тогаш очигледно ќе биде дека промени треба да има.

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…