Дома Фудбал Од играчите кои Реал ги стави на продажба може да се направи одличен тим ?

Од играчите кои Реал ги стави на продажба може да се направи одличен тим ?

Реал Мадрид сезонава ја освои титулата во Ла Лига меѓутоа во Лигата на шампионите потфрли и настапот го заврши уште во осминафиналето.

Поради таквиот развој на настаните се најавува реконструкција во тимот на „кралевите“. Се шпекулира за голем број заминувања од Мадрид, а од „листата за отстрел“ на „кралевите“ може да се состави навистина силен тим.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


За 40 милиони евра Хакими веќе е продаден во Интер, а на излезна врата е и бекот Серхио Регулион кој со настапите во Севиља го привлече вниманието. Нов клуб се бара и за дефанзивците Начо и Хесус Ваљехо, а на голот на овој тим е Ареола.

Во средниот ред непожелни во Мадрид се Иско, Модриќ и Себаљос, а во нападот со од поодамна отпишаните Бејл и Родригез е српскиот голгетер Лука Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити ја продлабочи кризара на Реал во Мадрид

Манчестер Сити ги искористи проблемите на Реал Мадрид и победи со 2:1 на “Бернабеу” во нат…