Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд нема намера да го пушти својот талент, освен под еден услов.
Имено, германски „Spor1.de“ пренесува дека Борусија Дортмунд нема намера да го пушти својот 19 годишен фудбалер Кристијан Пулишиќ, освен доколку некој клуб не понуди 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Талентираниот фудбалер има договор со „милионерите“ со важност до јуни 2020 година.
Претходно голем интерес за Пулишиќ покажуваше тимот на Ливерпул, но после ова јасно е дека Клоп тешко ќе дојде својата мета.
Покрај тоа треба да се истакне дека Пулишиќ е расположен да го продолжи договорот со Борусија.
Во тековната сезона Пулишиќ одигра 26 натпревари и постигна четири погодоци и запиша две асистенции.