Дома Фудбал Репрезентации Од бајка до кошмар: Сензацијата на Афричкиот Куп на Нации против домаќинот мора да игра без голман!

Од бајка до кошмар: Сензацијата на Афричкиот Куп на Нации против домаќинот мора да игра без голман!

Историскиот меч за сензацијата на Афичкиот куп на Нации може да стане вистински кошмар.

Комори успеаа да ја победат Гана и сензационално да се пласираат во осминафиналето каде што ги чека дуел со домаќинот на турнирот Камерун. Пред тој натпревар Комори поминуваат низ кошмар затоа што 12 членови на оваа екипа се заразени со коронавирусот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Помеѓу заразените е тренерот и двајцата голмани што е и најголем проблем за оваа симпатична селекција. Првиот чувар на мрежата на репрезентацијата Бен Нолн се повреди во натпреварот против Гана (3:2) и од таа причина нема да биде спремен за дуелот со Камерун.

Ова значи дека на голот на Комори против Камерун во текот на целиот натпревар треба да брани некој играч што секако ќе олесни работата на домаќинот. Засега според правилата не е дозволено да се повикуваат дополнителни играчи, но во Комори не губат надеж.

„Тежок момент за нас. Но во секој случај не губиме надеж“, порача директорот на репрезентацијата, Ел Хадад Химди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Слот откри како го победил Атлетико: Мораш да го направиш тоа!

Ливерпул повторно мораше да постигне гол во последните минути за победа, а Арне Слот го ко…