Дома Фудбал Останато Италијанците на Олимписките игри уапсија криминалец кој го бараа 16 години!

Италијанците на Олимписките игри уапсија криминалец кој го бараа 16 години!

Миланската полиција во средата вечер уапси словачки државјанин на 44-годишна возраст, следејќи ја потерницата која италијанските обвинители ја издадоа за него пред цели 16 години, објавија Карабинерите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако беше на листата на најбарани во Италија, Словакот се вратил во земјата за да ја следи својата хокеарска репрезентација на Зимските олимписки игри, информираат Карабинерите.

Полицијата му влезе во траг откако се пријави во хостел на периферијата на Милано, по што го одведоа во затворот Сан Виторе во центарот на градот.

Човекот имал намера во средата да присуствува на првиот натпревар на словачката репрезентација на турнирот, но место на трибините заврши зад решетки. Според Карабинерите, тој треба да одлежи 11 месеци и седум дена затворска казна поради низа кражби во продавници кои ги извршил во 2010 година.

Словачката машка хокеарска репрезентација го направи своето деби на Игрите во Милано Кортина со победа од 4:1 против Финска, во миланската арена Санталџулија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Враќање на големиот шампион: Конор Мекгрегор повторно во рингот!

Се враќа еден од најдобрите борци во историјата на УФЦ. Конор Мекгрегор ќе се бори на 11 ј…