Дома Македонски спорт Мак фудбал Одредени судиите за новото коло во ПМФЛ

Одредени судиите за новото коло во ПМФЛ

Третото коло во ПМФЛ започнува утре со натпреварот меѓу Беласица и Шкупи, а главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.

Ецкоски Марјан ќе ја дели правдата на натпреварот во Ѓорче помеѓу Македонија ЃП – Шкендија, а на натпреварот Ренова – Академија Пандев главен судија ќе биде нашиот најдобар интернационалец Александар Ставрев. И двата натпревари се играат во сабота поради европските обврски на Шкендија и Ренова.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На останатите средби што се играат во недела, Јосип Бартон ќе ја дели правдат на средбата на нашата национална арена Тодор Проески меѓу Вардар и Силекс, а Димитар Мечкаровски ќе суди на мечот Пелистер – Работнички. Марјан Гоцевски ќе биде делител на правдата во Струга помеѓу Струга Трим Лум и велешки Борец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…