Дома Македонски спорт Мак ракомет Одредени датумите за дуелот Вардар – Фленсбург!

Одредени датумите за дуелот Вардар – Фленсбург!

Европската ракометна федерација (ЕХФ), денес ги објави термините во кои ќе се играат четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Четвртфиналната фаза ќе ја отворат Фленсбург и македонскиот шампион Вардар. „Црвено-црните“, во походот кон Келн, најпрвин ќе гостуваат во Фленсбург, а потоа ќе го пречекаат поранешниот европски првак во Скопје.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фленсбург ќе го пречека Вардар во сабота на 22.април од 17:30 часот, а реваншот во Скопје е на 27.април, а почетокот е закажан за 19 часот.

Својот прв четвртфинален натпревар на 22.април ќе го одиграат Веспрем и Монпелје, реваншот во Франција е на 30.април.

Ден подоцна, на 23.април, своите први натпревари ќе ги одиграат Кил и Барселона, односно Пик Сегед и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…