Дома Фудбал Одлуката паднала на 14. март 2019: Зошто Барса не го купи Лука Јовиќ?

Одлуката паднала на 14. март 2019: Зошто Барса не го купи Лука Јовиќ?

Moжеби, но само можеби се би било поинаку за Лука Јовиќ ако место дресот на Реал Мадрид се одлучеше да игра за Барселона.

Скаутите на Каталонците долго време го следеле српскиот репрезентативец во Ајнтрахт и на крајот донеле одлука дека играч со такви карактеристики не им е потребен. Таа иницијатива на Барселона го принуди Реал Мадрид да реагира и да плати 60 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Генералниот директор на Барселона, Пеп Сегура им дал задача на тројца скаути на секој натпревар да го следат Јовиќ и на крај да донесат одлука. Бројките беа на страна на Јовиќ кој минатата сезона постигна 27 голови за Ајнтрахт. Никој во Барселона не се сомневаше во квалитетите на Јовиќ и го окарактеризирале како одличен финишер и некој кој во дресот на Барселона би можел да постигне многу голови.

Меѓутоа скатутите на Барселона потенцирале еден важен детал. Тие во еден од извештаите напишале дека Јовиќ е статичен напаѓач со роботски стил на играл и дека таков центарфор не би можел да се вклопи во играта и системот на Барселона. Односно Јовиќ е означен како шпиц кој не комбинира со соиграчите, туку во последната третина од теренот е фокусиран исклучиво само на удар кон голот.

Конечната одлука да не го купат луѓето во Барселона ја донеле на 14. март 2019 година кога Ајнтрахт гостуваше кај Интер во Лига Европа. На тој натпревар Јовиќ го гледаа Пеп Сегура, Ерик Абидла и Рамон, тројцата клучни луѓе во спортскиот сектор на Барселона. Не се криеа, туку Јовиќ го следеа од ВИП ложата на „Џузепе Меаца“, а после натпреварот имаа состанок со менаџерот на Јовиќ, Фали Рамадани. Сакале  да ги слушнат очекувањата и условите на Јовиќ.

Сликите од тој состанок се раширија на друштвените мрежи. Реал Мадрид тргна во офанзива, Барселона се повлече, па така Србинот заврши во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…