
Денес требаше да започне продажбата на билети за плеј-оф натпреварот помеѓу Македонија и Косово, но тоа не се случи.
Продажбата е одложена поради најавите дека е можно дуелот да се презакаже поради коронавирусот кој се шири во Европа. ФФМ донесе одлука да ја одложи продажбата додека не се донесе конечна одлука дали натпреварите воопшто ќе се играат на тој датум.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Денес ќе се сретне извршниот комитет на УЕФА во Амстердам и таму ќе се разговара на оваа тема, додека утре е закажан конгресот на европската централа. Ќе потсетиме и дека утре во 18:00 часот Македонија ќе ги добие противниците за Ц-дивизијата за втората сезона во Лигата на Нации.