Кошаркарите на Австралија се изборија за пласман во полуфинале на Светското првенство Кина откако во последното четвртфинале ја победија Чешка со 82:70.
Австралијците за првото финале во нивната историја ќе се борат со Шпанија, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Аргентина и Франција. Австралија претходно досега никогаш не стигнала подалеку од четвртфиналето, два пати беа пети. И Чесите покрај поразот можат да бидат задоволни бидејќи на својот премиерен настап на СП стигнаа до четвртфиналето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До победата „Кенгурите“ ги предводеше Милс со 24 поени и шест асистенции, Голдинг додаде 14 поени, Адреј Богут постигна 10 поени додаде два скока, три асистенции и три блокади.
Кај Чесите најефикасни беа Патрик Ауда со 21 поен, Томаш Саторански кој запиша 13 поени 13 асистенции и девет скока, Павел Пумпрл додаде 10 поени.
Дефинитивно најголеми разочарувања досега на Мундијалот се Србија и САД кои место во борбата за медали или финале ќе играат во разигрувањето за некоја позиција од 5-то до 8-мо место.