Дома Македонски спорт Мак фудбал Одекна бомбата во македонскиот фудбал: Агим Ибраими се врати „дома“!

Одекна бомбата во македонскиот фудбал: Агим Ибраими се врати „дома“!

agim ibraimi

Одекна првата бомба во македонското фудбалско првенство.

Поранешниот македонски репрезентативец, Агим Ибрами и официјално се врати во Шкендија после цели 12 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ибраими со Шкендија потпиша договор на две години, а истиот има можност да биде продолжен на уште една.

Во Шкендија Ибраими доаѓа како слободен играч, откако не го продолжи договорот со Домжале.

Ибраими во Словенија настапуваше уште и за Марибор со кој освои шест трофеи, четири во првенството и два во купот. Покрај овие два клуба го носеше дресотн а Каљари, Салцбург, Астана, Нафта Лендава, Олимија Љубљана и Ескишехиспор.

За репрезентацијата на Македонија настапи на 39 натпревари и постигна седум голови. Последниот репрезентативен настап го забележа во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…