Ѕвездата на Баерн Минхен, Арјен Робен не сакаше да застане во одбрана на својот тренер Карло Анчелоти после убедливиот пораз од ПСЖ.
Робен влезе во игра во второто полувреме, а неизбежно прашање на новинарите после ваков резултат е дали тимот го поддржува Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да одговорам на тоа прашање. Следното прашање“, јасен беше Холанѓанецот и додаде:
„Кој ќе игра, а кој не е работа на тренерот. Се што ќе кажам во овој момент ќе биде погрешно разбрано. Најважна работа сега е да се држиме како тим, ни треба мир. Никој кој што не критикува од надвор не може да ни помогне“, заклучи Робен.
Еминентниот весник „Билд“ пренесува дека попладнево раководството на Баерн ќе има средба со тренерот Карло Анчелоти и се очекува да му биде врачен отказ.