Во Барселона не се откажуваат од идејата да ја назначат клупската легенда, Чави Ернандес за нобв тренер на првиот тим по завршување на сезоната.
Шпанските медиуми се сигурни дека на лето, кога клубот ќе има нов претседател, ќе дојде до тренерска смена на „Камп Ноу“.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Куман не ги оправда очекувањата и после срамниот пораз од ПСЖ се засилија шпекулациите за негова смена.
Прв кандидат за негов наследник е токму Чави, кој моментално работи како тренер во катарски Ал Сад.
Во клубот веруваат дека Чави ќе биде идеален избор за нов тренер после 17 години поминати на „Камп Ноу“ како фудбалер.
Притоа, веруваат дека Чави ќе има големо влијание на одлуката на Лео Меси и дека ќе може да го убеди да остане во Барселона.