Од денеска па сè до сабота во Прилеп ќе се одржува државното првенство во одбојка за средните училишта во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“. На него учествуваат 6 екипи од регионите Исток, од каде доаѓаат екипите на Струмица и Велес, потоа скопскиот регион, од каде доаѓаат екипите на „Методија Митевски Брицо“ и „Здравко Цветкоски“, а западниот регион го претставуваат екипите од Крушево и домаќините од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.
„Прилеп отсекогаш бил лулка на училишниот спорт, особено во последниве неколку години, а тоа се должи пред сена големата поддршка која ја добиваме од локалната самоуправа, Агенцијата за млади и спорт како и од Федерацијата на училишни спортови на Македонија. Тука се одржуваат безброј првенства без разлика дали тие се од општински, регионален или државен карактер. Прилеп е голем расадник на таленти, без разлика дали станува збор за индивидуални или поединечни спортови. Се надеваме дека еден ден овие деца кои ги гледаме тука на ваквите натпревари достојно ќе не претставуваат и во повисоките лиги како и на репрезентативно нивно во Европа и светот“, истакна Здравко Ристески, претседател на сојузот на училишни спортови од Прилеп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Државното првенство за отворено го прогласи градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески. Организаторитеја повикаа прилепската публика да ги проследи 11-те натпревари кои ќе се одржуваат во наредните три дена. Во сабота со почеток во 10 часот ќе биде натпреварот за третото место, а во 11 часот ќе започне финалето.