Вест Хем бара напаѓач, Арнаутовиќ беше блиску до заминување, но од тоа за сега нема ништо.
Сепак, и да остане во тој клуб размислуваат за едно засилување, подготвија понуда од 40 милиони евра за Дуван Запата од Аталанта, но тоа е малку за него, како што велат во тој клуб.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Колумбиецот игра одлично, постигна 14 гола за Аталанта во последните 8 натпревари, во последната против Фрозиноне постигна 4, во овој момент е незапирлив.
Овој 27-годишен фудбалер пристигна на позајмица со опција да се откупи договорот од Сампдорија во текот на летото, Аталанта плати 26 милиони евра.
„Само“ 14 милиони евра профит е малку за него, Запата вреди многу повеќе…