Дома Топ вести Овие ѕвезди уште во јануари се слободни да потпишат со нови клубови (фото)

Овие ѕвезди уште во јануари се слободни да потпишат со нови клубови (фото)

Летниот преоден рок штотуку заврши, а клубовите веќе почнуваат да прават планови за следниот трансфер прозорец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу големи фудбалски ѕвезди ширум Европа влегуваат во последната година од договорот и веќе во јануари ќе бидат слободни да преговараат со заинтересираните клубови и да потпишат преддоговор.

За некои од нив клубовите ќе направат се за да ги убедат да ставапт потпис на нов договор, а некои сигурно ќе бидат продадени во јануари со цел да заработат на нив.

Сепак, списокот на фудбалери кои следното лето ќе бидат слободни агенти е импресивен, па клубовите ширум Европа веќе работат на нивни ангажман.

Предводник е секако ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен кој јавно соопшти дека нема да го продолжи договорот, како и Вилијан од Челзи, Кавани од ПСЖ…

На листата се наоѓа и еден од најдобрите голмани во светот, Давид де Геа, кој веќе подолго време е во преговори со Манчестер Јунајтед, а последните информации говорат дека двете страни се блиску да ја продолжат соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…