Некои се надеваа дека Жозе Мурињо ќе добие отказ по поразот на Енфилд, но управата на Манчестер Јунајтед останува на старото.
Јунајтед тоне се подлабоко и подлабоко, играњето во ЛШ следната сезона може да биде само сон, а челниците на клубот и покрај тоа го држат Моу на клупата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јунајтед оствари само една победа на последните пет премиерлигашки натпревари и има пет нерешени и пет порази по одиграни 17 кола, односно дури 19 бода помалку од лидерот Ливерпул, а 11 бода од Челси кој се наоѓа на последната позиција која води во ЛШ.
По сите овие бројки, Јунајтед би требало да го отпушти Мурињо, но Португалецот е заштитен, а се чини дека го спасува фактот што во случај на негов отказ мора да му исплати големи средства.
Во случај Јунајтед да го отпушти Моу пред крајот на зимскиот преоден рок, односно до крајот на месецот, мора да му исплати неверојатни 24 милиони фунти.
Во случај Мурињо да остане до крајот на сезоната и да избори пласман во ЛШ, клубот мора да му плати 25% помал износ, односно 18 милиони фунти.