Бразилскиот фудбалер Давид Луиз во јануари би можел да направи голем трансфер.
Одличниот стопер од неодамна е во немилост на тренерот на Челзи, Антонио Конте и се повеќе се пишува за неговото заминување од „Стемфорд Бриџ“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Неговиот нов клуб би можел да биде Реал Мадрид. Англиските медиуми тврдат дека „Кралевите“ се сериозно заинтересирани за доведување на 30-годишниот стопер и ќе испратат понуда за одличниот Бразилец во зимскиот трансфер период.
Така, Луиз би можел да направи уште еден голем трансфер, а не е позната сумата која клубот од Мадрид ќе ја испрати за Бразилецот.
Покрај Реал, за неговите услуги интерес покажува ПСЖ, Милан и Интер. Во кариерата која ја започна во Виторија, Луиз играше уште во Бенфика и ПСЖ.