Дома Фудбал Италија Ова се четирите можни сценарија за расплет на Серија А

Ова се четирите можни сценарија за расплет на Серија А

Италија е најмногу погодена од епидемијата со коронавирусот, Серија А е одложена на неодредено време, па сега се разгледуваат можни сценарија за завршување на сезоната.

Со оглед се поизвесното одложување на Европското првенство ова лето, Италијанците ќе добијат повеќе време да ја завршат сезоната, па се издвојуваат четири можни сценарија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првото сценарио е првенството регуларно да се заврши, така што да бидат одиграни сите натпревари до 30-ти јани и тоа на секои три дена. Но тоа е малку веројатно бидејќи клубовите тешко дека ќе бидат спремни после три недели да играат два пати неделно.

Другото сценарио е првенството да заврши во моментов, така што нема да има шампион, а според моменталниот пласман на табелата ќе се одреди кои клубови ќе одат во Европа, а кои ќе испаднат.

Другото сценарио е да се прекине првенството и тулата да му се додели на Јувентус како лидер на табелата, но тоа сценарио е најмалку веројатно.

И на крајот плеј-оф и плеј-ау. Првите четири клуба на табелата ќе играат плеј-оф за титулата, а последните четири за тоа кој клуб да се спаси од испаѓање и оваа опција е најреална во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…