Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати синоќа постигна гол против Интер, па така со 17 години и 40 дена стана најмладииот стрелец во историјата на Лигата на шампиони.
Тоа ги натера медиумите да направат статистика на најмладите голгетери во историјата на најпрестижното натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ансу Фати го сруши рекордот на Петер Офори-Куаје, кој постигна гол за Олимијакос против Розенборг во 1997 гидина (17 години и 195 дена).
Трет најмлад стрелец во ЛШ е Метао Ковачиќ кој постигна гол во 2011 година за Динамо Загреб против Лион.
Најмладите стрелци во ЛШ:
1. Ансу Фати – 17 години и 40 дена
2. Питер Офори-Куаје – 17 години и 195 дена
3. Матео Ковачиќ – 17 години и 216 дена
4. Цеск Фабрегас – 17 години и 218 дена
4. Бојан Каркиќ – 17 години и 218 дена
6. Мартин Клајн – 17 години и 241 дена