Дома Фудбал Англија Ова е неверојатно: Знаете ли колку голови постигна Кејн во септември?

Ова е неверојатно: Знаете ли колку голови постигна Кејн во септември?

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн се наоѓа во неверојатна форма.

Откако помина месецот август во кој Кејн никогаш во својата кариера не постигна ниту еден гол, следуваше вистинска ескплозија на овој напаѓач. Тој во септември одигра, сметајќи за репрезентацијата и клубот, шест натпревари и постигна дури 11 гола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неговата прва жртва во новата сезона беше репрезентацијата на Малта, каде што постигна два гола. Потоа ист број на голови постигна против Евертон и Дортмунд, а единствена екипа која против него ја сочува мрежата во овој месец е Свонси. По нив, Кејн играше против Вест Хем и АПОЕЛ и постигна два, односно три гола.

Напаѓачот на Тотенхем следната жртва ќе ја чека во сабота попладне кога неговата екипа гостува против Хадерсфилд и тоа ќе биде последниот натпревар за Кејн во месецот септември… Веројатно месец кој Кејн има желба никогаш да не заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренерот на Севиља ја доби најголемата суспензија во историјата на Ла Лига!

Тренерот на Севиља, Матиас Алмеида, доби суспензија од седум натпревари и нема да може да …