Дома Фудбал Останато Ова е најлудата сторија во летниот преоден рок! (фото)

Ова е најлудата сторија во летниот преоден рок! (фото)

Името Симон Морено не значи многу во светот на фудбалот, но сепак се најде во центарот на вниманието ова лето.

Талентираниот фудбалер на Виљареал не беше во план за првиот тим кај „жолтата подморница“, па од клубот одлучија да го испратат на позајмица.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Најпрво интерес покажа Алмерија која има многу амбициозни планови за новата сезона. Морено пристигна, позираше во новиот дрес, но првиот човек на клубот одлучи да се откаже од трансферот и да го раскине договорот.

Веднаш после тоа со понуда за Морено се појави Малага, па играчот пристигна во клубот и позираше со дресот.

Се беше спремно за промоција, но раководството на Малага одлучи во последен момент да го раскине договорот.

Така 22-годишниот фудбалер остана во Виљареал, каде беше преместен во вториот тим до следниот преоден рок, каде веруваме дека ќе има повеќе среќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…