Изгледа дека вакво нешто можат од целиот свет можат да смислат само таму…
Оваа вест звучи малку бизарно, но е официјална.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Навивачите на Манчестер Сити нема да можат да носат каиши на натпреварот против Наполи кој се игра утре вечер во Лигата на шампионите. Забраната се однесува и на гостинските функционери и доктори, но сеуште не е јасно дали важи за Пеп и неговите фудбалери.
Навивачите на Наполи во минатото коло од Лигата на шампионите со каиши од заседа ги нападнаа фановите во Англија. Во оваа тепачка тројца беа повредени, а еден Наполитанец доби и казна од пет месеци затвор.
Претставникот на навивачите на Сити оваа одлука ја нарече безсмислена.
„Знам дека нас не нападнаа со каиши, но каква врска тоа има со нашите навивачи? Ние не сме ништо виновни. Оваа одлука на УЕФА се користи притив нас, прво бевме казнети за исвиркувањето на химната на натпреварувањето, па го испразнија стадинот, а сега не можеме да носиме ниту каиши. Навистина бизарно“, изјави Кевин Паркер.
Секако забранта се однесува и за домашните навивачи, но ова е навистина неверојатна и несекојдневна ситуација.