Како што пренесува германски „Кикер“ управата на Баерн интезивно е во потрага по фудбалери кои би можеле да ги наследат Рибери и Робен.
Франк Рибери и Арјен Робен полека влегуваат во поодминати фудбалски години и поради тоа е јасно дека Баерн мора да им бара замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во управата големи наежи положуваат во Кингсли Коман и Серж Гнабри, кој во овој момент е на позајмица во Хофенхајм, но тие сакаат и уште некој квалитетен фудбалер на крилните позиции.
Изборот наводно паднал на двајца фудбалери кои во овие моменти играат одлично во Бундес лигата.
Според „Кикер“ Баерн ја разгледува можноста за ангажирање на Лион Бејли од Леверкузен и младиот Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд.
Бејли оваа сезона во дресот на „фармацевтите“ постигнао сум погодоци на 18 настапи во шампионатот и запиша пет асистенции. Пулишиќ додека пак игра нешто послабо оваа сезона и постигна три погодоци и запиша две асистенции.