Изгледа навистина малку веројатно и тешко остварливо, но замислете еден ден да ги гледаме Кристиано Роналдо и Лионел Меси на иста страна…
Можете ли да ги замислите Роналдо и Меси во ист тим? Да, тешко е навистина, но кој знае, можеби ќе имаме прилика да ги видиме Меси и Роналдо во ист дрес. Двата најдобри играчи во псоледните десетина година се најголеми ривали на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И колку да е тешко голем број медиуми објавија дека Дејвид Бекам би можел да го направи (не)возможното.
Бекам е сопственик на тимот кој се создава Интер Мајами, а познатиот англиски фудбалер за „ТалкСПОРТ“ најави нешто големо во наредните години и ги спомена двете најпознати имиња во денешениот фудбал.
„Секој има своја листа на желби, така е во секој клуб. Кога ќе погледнете како играат Лионел Меси и Кристиано Роналдо не изгледа дека некој може да ги запре наскоро. Тие играат на исклучително високо ниво и реално тешко е да се замисли дека нивните клубови ќе се одлучат да ги продадат, но ќе видиме. Ова е фудбал и никогаш не можете да знаете што носи утрешниот ден“, изјави Бекам.
„Ги бараме најдобрите играчи кои се спремни да ја напуштат Европа и дојдат да играат фудбал во САД. Сигурен сум дека ќе доведеме големи мајстори“, најави легендарниот фудбалер.