Бразилецот Робињо во Италија беше осуден на девет години затвор поради групно силување на девојка која го славела својот 23-ти роденден во милански ноќен клуб во 2013 година.
Бразилскиот суд на поранешната ѕвездата и забрани излегување од Бразил додека не се одлучи дали казната од девет години може да ја издржува во татковината. Бразилскиот портал „UOL“ објави аудиоснимка од 2014 година на која Робињо разговара со пријателите за настанот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе ја удриме во лиц. Ти ќе ја удриш и ќе и кажеш: Што ти направив?!“, зборувал Робињо на снимката.
Робињо на снимката зборува и дека го напуштил ноќниот клуб откако имал полов однос со девојката, додека неговите пријатели останале со неа.
„Ако ова заврши во медиумите, ќе бидам уништен“, се загрижил Бразилецот, но верувал дека ништо нема да се дознае.
„Беше пијана, не знае ниту кој сум. Ништо нема да се случи“.
Робињо се жалеше на повеќе судови, но италијанскиот Врховен суд ја потврди деветгодишната казна и беше издаден налог за негово апсење. Но, Бразил не ги испорачува своите државани, па Италија бараше Робињо казната да ја издржува во татковината.