Дома Фудбал Останато Пекол: Еве како изгледа затворот каде што Робињо може да помине девет години

Пекол: Еве како изгледа затворот каде што Робињо може да помине девет години

Поранешниот бразилски фудбалер Робињо беше осуден на девет години затвор за силување на девојка во Милано во 2017. Бразилецот поднесе жалба која се разгледува, но исходот од тоа ќе го чека во затворот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овој момент тој е во притвор, а доколку жалбата биде одбиена, ќе биде префрлен во озлогласениот затвор во Пернамбуко, кој важи за еден од најполните во земјата.

Освен тоа, често пати затворот е мета на критики за непочитување на човековите права. Објектот предвидува во него да бидат сместени околу 10.000 луѓе, но има и три пати повеќе.

И не само тоа, затворот не ги исполнува основните санитарни услови, а случаите на сексуално насилство меѓу затворениците не се невообичаени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо го игра „последниот танц“ на Мундијалите

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека актуелното Светско првенств…