Дома Фудбал Останато Објавена чудна снимка од докторот на Марадона 🎥

Објавена чудна снимка од докторот на Марадона 🎥

Смртта на Диего Марадона и понатаму е една од главните теми во Аргентина, а неговиот доктор Леополдо Ликуе и психијатарката Агустина Косачов се најдоа под истрага.

Тие се обвинуваат за начинот на кој го лекувале Марадона во последните денови од неговиит живот, а истражителите сега се обидуваат да утврдат дали нивните постапки ја предизвикале смртта на фудбалската легенда.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Аргентинскиот „Infobae“ објави ексклузивна вест за случувањата во последните минути од животот на Марадона. Во тие моменти обвинетите медицински (Леполдо и Агустина) разменувале пораки за тоа што се случува.

„Не грижи си, сега сме на автопатот, велиш изгледа е мртов? Објави дека е мртов. Барио Сан Андреас, мораш тоа да го направиш, ја знаеш онаа улица по која секогаш се движиме? Оди до Италија и ќе дојде до Санта Марија Де Тигре“, и зборува Лику на колешката.

Многумина се изненадени од смиреноста на гласот на Леполдо кога разговара со колешката во моментите кога светот го напушта најголемата спортска легенда во историјата на Аргентина.

„Да, кретену изгледа дека има срцев удар и дека деблиот заминува по ѓаволите. Немам поима што направил, на пат сум, доаѓам“.

Во меѓувреме Агустина му испраќала текстуални и говорни пораки.

„Во овој момент е со тимот од брзата помош, го оживуваат, но немаат големи шанси. Брзата помош задоцни 10-15 минути“, напишала Агустина.

„Влеговме во соба, а Диего беше ладен, многу ладен. Се обидувавме да го оживеме и да му ја подигнеме температурата, но не успеавме. Ја напуштив собата, ништо не ми зборуваат па излегов“, зборува Леополдо после заминувањата од домот на Марадона.

„Тоа е тоа. Агустина, тоа е она што моравме да го направиме. Во семејството беа свесни, разговаравме. Некои пациенти се многу тешки. Јави ми само случајно ако преживее“.

Тука завршува снимката која не е баш јасна бидејќи во некои моменти се зборува дека е се завршено и дека е мртов, а потоа како го оживуваат. Сепак, автентичноста на снимката е потврдена од аргентинските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Репрезентацијата на Франција има нов капитен

Францускиот фудбалер Орелиен Чумаени ќе биде капитен на својата репрезентација на претстој…