Зинедин Зидан денес се навикна да биде во центарот на вниманието на медиумите и на насловните страни, меѓутоа на почетокот на неговата кариера не беше така.
„Л’Eкип“ денес ја објави првата фотографија од Зидан направена од медиумите. Таа настанала во 1994 година кога добил повик од репрезентацијата на Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На фотографијата своевремено најдобриот фудбалер во светот ја бакнува својата сопруга Вероника која е со дрес од репрезентацијата во рацете.
После првиот повик Зизу испиша историја со „Триколорите“ бидејќи го освои светското и европското првенство.
Инаку, на Зидан му требаше прилично долго време да почне да добива внимание. „Л’Eкип“ после пет години од неговото деби го спомна неговото име.