Дома Фудбал Останато Објавена последната снимка од Емилијано Сала пред авионската несреќа 🎥

Објавена последната снимка од Емилијано Сала пред авионската несреќа 🎥

Аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала трагично загина во јануари 2019 година во авионска несреќа, а сега е објавена снимка направена пред кобниот лет.

Сала договори трансфер од Нант во Кардиф за околу 15 милиони фунти. Се качи во приватен авион, но тој падна над Ла Манш и го загуби животот. 


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


 Неговото тело беше пронајдено дури две недели подоцна, а сега „Би-Би-Си“ објави снимка  пилотот на авионот Дејвид Иботсон како му вели на пријател пред летот:

„Преземав фудбалер од Кардиф, бил купен од Нант за 20 милиони фунти мислам. Ми го доверија да го превезам во еден сомнителен ‘мираж’. Нормално би имал елек за спасување помеѓу седиштата, но утре дефинитивно ќе го носам на мене, авионот е несигурен“, рекол Иботсон во пораката до својот пријател. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…