Дома Фудбал Објавата на Наполи посебно го погоди фудбалскиот свет

Објавата на Наполи посебно го погоди фудбалскиот свет

Целиот свет е во шок после информацијата дека денеска почина Диего Марадона.

Аргентинските медиуми објавија дека Марадона имал срцев удар, а набрзо после тоа потврдија дека не успеал да се спаси и за жал починал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Оваа вест го шокираше целиот свет бидејќи Марадона навистина беше посебен човек. Не напушти еден од најдобрите играчи на сите времиња, а 2020. година продолжи да биде ужасна.

После потврдата за неговата смрт се огласи и Наполи каде Марадона ги помина наубавите години од својата кариера. Марадона е икона во Наполи, а смртта ги потресе сите во градот.

Наполи само кратко се огласи на Твитер и јасно е дека и самите во клубот не веруваат дека Марадона повеќе го нема. Поради тоа нивната објава посебно го погоди фудбалскиот свет.

„Засекогаш. Чао Диего.“ – напишаа од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …