Дома Македонски спорт Мак ракомет Обложувалниците се огласија: Еве кое место и се предвидува на Македонија на Светското првенство

Обложувалниците се огласија: Еве кое место и се предвидува на Македонија на Светското првенство

На 10-ти јануари започнува Светското првенство во ракомет кое ќе се одржи во Данска и Германија.

Македонија ова Светско првенство ќе го започне на 11-ти јануари и тоа со натпреварот против Јапонија. Освен Јапонија во нашата група ќе играат Шпанија, Хрватска, Ислан и Бахреин.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За нашата селекција ова ќе биде шести настап на еден Мундијал, на кој ќе се обидеме да го подобриме нашиот најдобар пласман кој засега е 9-тата позиција.

На неколку дена пред почетокот се појавија и коефициентите за пласманот на репрезентацијата.

Така обложувалниците и предвидуваат на Македонија пласман на 11-тата позиција, додека најголеми шанси за освојување и се дава на селекцијата на Данска. Зад Данска следуваат: Франција, Шпанија, Германија, Норвешка, Хрватска, Шведска Унгарија, Катар и Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…