Дома Фудбал Облак и љубовта кон миленичето: Словенецот му плати такси на своето куче од – Љубљана до Мадрид!

Облак и љубовта кон миленичето: Словенецот му плати такси на своето куче од – Љубљана до Мадрид!

Кај некои луѓе љубовта кон домашните миленици нема граници, а доказ за тоа е потегот на еден од најдобрите голмани на дешеницата Јан Облак.

Голманот на Атлетико Мадрид сега се најде во центарот на вниманието затоа што на своето куче му овозможил да патува од Љубљана до Мадрид со такси. Бидејќи не било дозволено кучето да биде качено во авион Облак одлучил да плати такси за повеќе од 1600 километри за неговиот миленик да биде покрај него.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој потег на Облак наиде на големо одобрување и воодушевување кај фановите, посебно кај оние кои имаат миленици и ја разбираат неговата љубов и желба да биде заедно со своето куче.

Сигурни сме и дека таксисот бил добро награден од голманот за неговата трпеливост по патот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…