Габонскиот напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг ќе го напушти Олимпик Марсеј по само една година помината во француската екипа.
Иако најголем дел од минатата сезона беше капитен на тимот од „Велодром“, Обамејанг одлучи да тргне по друг пат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Француските медиуми пренесуваат дека добил понуда од новиот прволигаш од Саудиска Арабија, Ал Кадсија. Понудата пристигнала уште во мај месец, тој првобитно ја одбил, но како што пренесуваат Французите подоцна одлучил да ја прифати. Се шпекулира дека тоа е поврзано со пристигнувањето на Роберто Де Зерби на клупата.
Очигледно Италијанецот смета дека неговиот тим треба да изгледа поинаку и му најавил на Габонецот дека ќе има помала минутажа, а тоа не му се допаднало.
Трансферот е секако изненадувачки бидејќи Обамејанг минатата сезона беше убедливо најдобар играч на Марсеј со 30 голови и 11 асистенции на 51 натпревар.
Обамејанг има 35 години и дефинитивно покажа дека се уште може да игра на високо ниво. Меѓутоа во наредната сезона тоа нема да биде случај, освен ако не дојде до некој голем пресврт.