Дома Фудбал Обамејанг се огласи после инцидентот

Обамејанг се огласи после инцидентот

Фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг и неговата сопруга Алиша Бехагу беа ограбени во неделата во својот дом во Барселона.

Фудбалерот од Габон преживеал вистинска драма, откако напаѓачите му нанеле телесни повреди со метални шипки и му одзеле дијамти и вредни предмети.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Обамејанг и неговото семејство се преместени во хотел додека полицијата не ја заврши истрагата во нивниот дом.

„Благодарам на сите за поддршката. Во неделата вечер едни страшливци упаднаа во мојот дом и ги заплашија моето семејство и деца само за да украдат нешто. Се здобив со повреди на вилицата, но ќе се опоравам за брзо. Тешко е да се разбере и да се опише чувството дека не сме безбедни во својот дом, но јас и моето семејство ќе го пребродиме ова и ќе бидеме посилни. Благодарам за поддршката, тоа многу ми значи“, се огласи Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид патуваше осум часа до Казахстан и предизвика хаос (Видео)

Неверојатен интерес за доаѓањето на Кралскиот клуб во Алмати. Реал Мадрид пристигна во Каз…