Дома Фудбал Останато Обамејанг откри зошто се пресели во Арсенал

Обамејанг откри зошто се пресели во Арсенал

Габонскиот напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг за англиските медиуми откри како изгледал неговиот разговор со Хенрик Михтаријан пред што на крајот се пресели во Арсенал.

Сагата околу трансферот на Обамејанг во Лондон траеше целиот јануарски трансфер период, а конечно се заврши последниот ден. Многумина сметаат дека Михтаријан е еден од најзаслужните зошто Обамејанг сега е тука, а така изјави и Габонецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Многу сум среќен што сум повторно во ист клуб со Михтаријан. Тој навистина ми е како брат, многу добар пријател. Многу сум среќен што го гледам повторно. Ме повика неколку пати и ме праша: ‘Сакаш ли да дојдеш?’, а јас сум реков: „Прво кажи ми дали ќе одиш ти’. Потоа, тој ми кажа дека се е завршено околу неговиот трансфер и тоа беше една од предностите поради која се одлучив да пристигнам во Арсенал“, изјави Обамејанг.

Потсетуваме, Обамејанг прилика за деби ќе има денеска, кога Арсенал игра против Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За иднината на Салах се огласи и неговиот менаџер!

Ливерпул синоќа потврди дека Moхамед ќе го напушти Енфилд по завршувањето на тековната сез…