Кошаркарот на Партизан, Тристан Вукчевиќ дефинитивно зад себе ја има најдобрата ноќ во кошаркарската кариера.
Младиот центар прво ја прослави титулата во драматичната серија со Црвена Звезда во финалето, а по само неколку часа подоцна беше избран од Вашинтон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со Вукчевиќ Србија доби уште еден кошаркар во најсилната кошаркараска лига, а беше избран како 42-ри пик на годинешниот драфт. Меѓутоа засега не е познато дали уште ова лето ќе се пресели во САД или тоа ќе се случи нешто подоцна.
Од европските кошаркари подобри од Вукчевиќ на драфтот беа само првиот пик Виктор Вембањама кој заврши во Сан Антонио, а Билал Кулибали од седмата позиција го избра Индијана.