Дома Останати Кошарка НБА Ноќ во знакот на Стеф Кари, лекција од Мајами за шампионите, пораз за Дончиќ и Далас

Ноќ во знакот на Стеф Кари, лекција од Мајами за шампионите, пораз за Дончиќ и Далас

Во изминатата ноќ беа одиграни три натпревари во НБА лигата.

На стартот од новата НБА сезона јасно е дека ќе има разни изненадувања затоа што тимовите уште се „бараат“. Актуелните шампиони Милвоки Бакс сега беа поразени од Мајами Хит со 137:95.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Мајами после првата четвртина имаше огромни 40:17, а подоцна предноста само се зголемуваше и на крајот забележаа и победа. Тајлер Херо уфрли 27 поени, Џими Батлер 21, Бем Адебајо 20 поени и 13 скокови. Најефикасен кај Бакси беше Антетокумпо со 15 поени и 10 скока.

Лука Дончиќ и друштвото во својот прв натпревар гостуваа во Атланта и убедливо беа поразени со 113:87. Камерон Редиш со 20 поени и Трае Јанг со 19 поени и 14 асистенции беа најрасположени. Во редовите на Маверикси Дончиќ уфрли 18 поени и додаде уште 11 скокови и седум асистенции.

Во последниот натпревар во вечерта Голден Стејт со 115:113 славеа против Лос Анџелес Клиперси. Фантастичен меч одигра Стеф Кари кој постигна 45 поени и додаде 10 скока. Кај гостите Пол Џорџ уфрли 29 поени и 11 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Фотографијата руши рекоди: Меси го држи во раце 6-месечниот Јамал📷

Ламин Јамал со 16 години ги собори сите рекорди со Шпанија на Европското првенство и покаж…