Репрезентацијата на Норвешка го освои златото во крос-кантри во спринтот во машка конкуренција.
Норвежаните славеа пред Финска која го освои сребрениот медал. Последна на подиумот се најде Русија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Јоханес Клебо од Норвешка ова е четвртиот олимписки медал во Пекинг. Претходно освои злато во спринтот во поединечна конкуренција, сребро во штафетата на четири пати по 10 километри и на 15 километри класик.
Во женска категорија во оваа дисциплина до златото стигна Германија со Катарина Хенинг и Викторија Каркл. Шведска заврши зад нив со само 17 стотинки, додека бронзата ја освоија Русинките.