Дома Фудбал Германија Ноер со „скандалозна“ статистика – што се случува со еден од најдобрите светски голмани?! (фото)

Ноер со „скандалозна“ статистика – што се случува со еден од најдобрите светски голмани?! (фото)

На Баерн оваа сезона не му оди во Бундес лигата. Актуелниот шампион на Германија во овој момент се наоѓа на петтата позиција на табелата, а минатиот викенд не успеа да слави против Фортуна Дизелдорф (3:3).

После натпреварот со Фортуна, Ноер изјави дека би победиле и со 5:0 ако неговите соиграчи на теренот ги спроведеле замислите на тренерот Нико Ковач на дело.
Ковач набрзо го прокоментира Ноер, истакна дека неговата екипа „примила 17 голови од 20 удари“ и додаде дека такво нешто е недозволиво за голманот на шампионот на Германија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Изгледа дека Ковач бил во право бидејќи Ноер во овој момент по процентот на одбранети удари е на самото дно во Бундес лигата. Тој во статистичката категорија е 18-ти голман во германското првенство со само 43.8% одбранети удари кои оделе во рамките од неговиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Напаѓачот на Интер на Ноу Камп!

Според Калчомеркато, Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Интер. Маркус Тирам е на л…