Дома Македонски спорт Нов успех на македонскиот бокс

Нов успех на македонскиот бокс

Петар Арсовски го победи Велис Антонио Ремус од Грција  и обезбеди бронзен медал на Европското младинско првенство 

Македонскиот репрезентативец, Петар Арсовски со убедлив резултат 5-0, го победи Велис Антонио Ремус во четвртфиналето на Европското младинско првенство во бокс,  кое се одржува во Софија, Бугарија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со пласманот во полуфиналето, Арсовски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија на Европското првенство. Нашиот боксер доминираше против Ремус од Грција во сите три рунди и запиша заслужена и убедлива победа.

Противник на Арсовски во полуфиналето ќе биде Љубослав Методиев од Бугарија. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…