Ќе видиме ли трансфер сличен на оној од пред седум години?
Пол Погба пред седум години одби да потпише договор со Манчестер Јунајтед и како слободен играч премина во Јувентус каде што доби шанса и стана ѕвезда на светскиот фудбал. Подоцна Погба во трансфер вреден 100 милиони евра се врати на „Олд Трафорд“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега Јувентус одново на сличен начин би можел да „украде“ фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Младиот Тахит Чонг на кого медиумите на Островот му предвидуваат голема кариера одбива да го продолжи договорот со Јунајтед, а како најголем проблем се наведува што во последно време не е дел од првиот тим.
Чонг смета дека заслужува да тренира и да добива минути на некои натпревари, барем во куп натпреварите, меѓутоа тој е дел од младинскиот тим. Наводно Јувентус веќе стапил во контакт со играчот и сега ја чека нивната понуда.
Чонг е Холанѓанец со кинеско потекло, кариерата ја започна во школата на Фејенорд, но после неколку години пристигна во Јунајтед.
Минатата година добиваше шанса, но за разлика од Гринвуд кој продолжи со првиот тим Чонг се врати помеѓу младинците.